Утрински Весник
Македонија

Безбедно лето: 144 санкции за брзо возење на автопат Куманово – Скопје – Велес

Денеска Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведе засилена акциска контрола на автопатот Куманово – Скопје – Велес за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 144 возачи.

dobivaj vesti na viber

Од нив, 20 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а шест возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Можете да прочитате

Николоски: Овој Самит во Солун е порака дека Коридорот 10 ќе го градат сите земји на кои што им припаѓа 

Уапсен екс претседателот на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски

Уапсен охриѓанец, кај него најдени оружје и муниција