Утрински Весник
Македонија

„Партизаните не преговараат со фашисти“, пред Владата се бара „Не“ за францускиот предлог

Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Со пароли „Македонија“ „Фашисти“, „Уа“, „Не за ЕУ“, „У-а“, „Предавници“ граѓаните пред Владата бараат да се отфрли францускиот предлог. Тие се децидни дека ако се прифати предлогот, министрите во Владата ќе бидат разнебидувачи на Македонија.

„Нема да биде претерано ако заклучам дека ЕУ отворено поддржува поделба на црни и бели. Токму затоа оваа понуда од страна на ЕУ на Франција и на Бугарија, за мене како Македонка е неприфатлива. Не за ЕУ!“, кажа една од говорниците. Неприфатлива треба да биде и за оние што треба да го прифатат овој француско-бугарски предлог и да го стават во заложништво својот народ и својот идентитески столб, македонскиот јазик. Само и само да се оствари вековниот великобугарски сон“, кажа една од говорниците.

„Партизаните не преговараат со фашисти“, „Од ропство пишти Македонија, појќе не трпиме бесчесни лаги!“, „Проклет да е тој што предал родина на врагот“, се само дел од транспарентите. Во рацете, присутните држат „Не“.

Можете да прочитате

АХВ: Уништени над 624 килограми небезбедна храна пред празниците

Државата ќе набави пет нови локомотиви за 21 милион евра

ДПИ: Во декември времено затворени 26 угостителски објекти