Утрински Весник
Магазин

Спасен е кит во Норвешка кој два дена бил заплеткан со јаже

Крајбрежната стража во Норвешка ослободила кит кој бил заплеткан со јаже кај норвешкиот Институт за истражување на морето.

Посадата на локалната норвешка компанија пред два дена го забележала китот и ја известила крајбрежната стража, наведува „Ројтерс“.

„Можевме да видиме дека китот е исцрпен, беше потполно мирен“ изјавил капетанот на стражата.

Четворица чувари со мал чамец отишле во спасувачката акција.

„Приоѓавме многу полека за да не го вознемириме. Беше исплашен и почна да биде агресивен“ раскажуваат спасувачите кои за 15-тина минути успеале да го ослободат китот.

Можете да прочитате

Кој пијалок сте според хороскопот? Забавна астролошка споредба

Редовната физичка активност е клучна за здрав живот

Три идеи за совршен подарок за Денот на вљубените