Утрински Весник
Економија

Поради штрајк откажани десет проценти од летовите во Париз

Околу 10 отсто од сите летови од парискиот аеродром Шарл де Гол се откажани поради штрајкот, а слично нарушување во сообраќајот се очекува и утре, изјави портпаролот на операторот на парискиот аеродром АДП, пишуваат француските гласила.

Во Париз се очекуваат прекини на летовите бидејќи работниците од двата аеродроми стапија во четиридневен штрајк од 30 јуни до 3 јули 2022 година.

Персоналот на аеродромот претходно најавил штрајк и ги објавил своите барања, а тоа се повисоки плати и подобри услови за работа.

Националната авиокомпанија на земјата, Ер Франс, исто така објавила информации на својата веб-страница за штрајкот и очекуваните прекини на летовите за 30 јуни 2022 година.

Ер Франс, исто така, соопштил дека ќе го прилагоди својот распоред на летови за преостанатите денови од штрајкот, доколку е потребно, според информациите обезбедени од аеродромот во Париз и Француската управа за цивилно воздухопловство, пренесуваат тамошните медиуми.

Можете да прочитате

Ангелоски избран за член на Високиот совет на Светската федерација на стопански комори

„Лидл“ ќе постави камен-темелник за маркет во Реонскиот центар во општина Аеродром

Филипче од Неготино: Ги штитиме лозарите, Владата да го изгласа законот за дополнителни 3 денари по килограм грозје