Утрински Весник
Свет

Генчовска за протерувањето на руските дипломати: Јас не го потпишав решението

Ss2

Министерката за надворешни работи на Бугарија, Теодора Генчовска за бугарските медиуми изјавила дека таа не ја донела одлуката и не ја потпишала нотата за протерувањето на 70-те руски дипломати.

На прашањето кој го направил тоа, таа одговорила:

Img 5587

„Контактирајте го премиерот. Имавме инструкции од шефот на неговиот кабинет со две писма. Тие се депонирани во Народното собрание со печат „Доверливо“.

„Нотата на амбасадорката Елеонора Митрофанова за дипломатите е испратена во писмо до премиерот, во кое се бараат и инструкции. Се уште не се примени во МНР“, изјавила Генчовска.

Денеска стана јасно, пишуваат бугарските гласила, дека руската амбасадорка во Бугарија, Елеонора Митрофанова, врачила усна нота со која бара до утре, 1 јули, да биде повлечена одлуката со која 70 руски дипломати се прогласуваат за персона нон грата – во спротивно руската амбасада во Бугарија ќе се затвори.

Министерството за надворешни работи ја потврди нотата на руската амбасадорка Митрофанова, пишува БНТ.

Во интервју за БНТ, Елеонора Митрофанова изјавила дека Москва размислува за најдрастичната мерка – прекин на дипломатските односи со Софија.

Ss1

Можете да прочитате

Четири деца тешко повредени откако паднале од покрив на спортска сала во Штутгард

Турскиот министер Фидан повика на глобално муслиманско единство за поддршка на Палестинците

Нетанјаху: Израел ќе продолжи да се бори во Газа до победа