Утрински Весник
Магазин

Поранешнaта менаџерка го тужи Рики Мартин: „Ме лажеше а заработи милиони поради мене“

Ребека Дракер, поранешна менаџерка на Рики Мартин, тврди дека пејачот и должи нешто повеќе од милион долари, за што поднела тужба, пишува ТМЗ.

Во правните документи таа навела дека го застапувала пејачот од 2014 до 2018 година и дека тој повторно ја вработил по две години, во мај 2020 година, кога неговиот „личен и професионален живот биле во тотален хаос“. Ребека тврди дека таа е заслужна што ги вратила во ред неговиот живот и кариера.

Таа тврди дека ги подмирила договорите на пејачот поврзани со снимање песни, турнеи и договарање спонзорства и му помогнала да заработи милиони долари на неговата неодамнешна северноамериканска турнеја со Енрике Иглесијас.

Додала дека во 2020 година ангажирала адвокати да му помогнат кога му се заканувал прекин на кариерата, а за нејзините напори, како што тврдела, требало да добие провизија од три милиони долари, кои Мартин никогаш не и ги дал. Таа тврди дека пејачот ја лажел и манипулирал со неа, пренесуваат светските медиуми.

Сега Дракер го тужи пејачот за три милиони долари и бара судска отштета.

Можете да прочитате

Филмови што ја одбележаа првата половина на 2026 година

Колку кафе можете да пиете без ризик за вашето срце

Јапонките против новата владина одлука за носење кратки пантолони во канцелариите