Утрински Весник
Македонија

Приведени две лица во струшко, биле фатени со бесправно исечени дрва

Ss2

На 28.06.2022 година околу 13.00 часот, на локален пат помеѓу струшките села Боровец и Лакавица, кај месноста „Равење“, полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал при Регионалниот центар за гранични работи-Запад, во содејство со ОВР Струга, Шумската полиција, подрачната единица на Министерството за шумарство и водостопанство и Полициската станица во Лабуништа, презедоа координирани мерки со цел фаќање на сторители на нелегална сеча и транспорт на огревно дрво.

Притоа, сопрено е товарно возило „Ман“ со струшки регистарски ознаки, управувано од А.Х.(53) од селото Велешта, во кое, без документација се превезувале 14,2 метри просторни огревно дрво. Сопатникот во возилото, Т.Д.(45) од Вевчани, вработен во ШПС „Јабланица“, се обидел да пополни испратница и да му овозможи на превозникот документ за легален транспорт, но бил спречен од полициските службеници. Од него се одземени два кочани со испратници и еден чекан за жигосување дрва, соопшти полицијата.

300x250 (7)

По наредба на Јавен обвинител двајцата се приведени, извршени се претреси во домот на Т.Д. како и во Шумското претпријатие „Јабланица“, а товарното возило и дрвната маса се предадени на Шумската полиција. По целосно документирање, против двете лица ќе биде поднесена соодветна пријава, информираа надлежните.

Ss1

Можете да прочитате

Ковачевски: На изборите победува тој што може да формира влада

Финансии одлучи да се вратат старите цени на полисите при регистрација на возила

МАКЕДОНИЈА ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ЦИКЛОН: Утре и во сабота свежо и со засилен ветер (над 60 км/час) – Ќе има и врнежи и грмежи, а на највисоките планини и снег – Дожд се очекува и во Скопје