Утрински Весник
Македонија

Фатен е разбојникот кој украде уметнички слики од „Матица ексклузив“

Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Рано утринава, во 02.00 часот на бул.„Партизански одреди“ полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Е.Д.(33) од Скопје.

Според информациите на полиција, „тој бил затекнат при обид за извршување на „тешка кражба“ во куќа на подрачјето на Центар и го признал делото. Притоа кај него е пронајден предмет кој што потекнува од кривични дела „тешка кражба“ пријавени на 27.06.2022 во Полициската станица Центар, а извршени во периодот од 25 до 27.06.2022, при што од книжарница на ул.„Ѓуро Стругар“ во Скопје биле одземени повеќе уметнички слики“.

Инаку, на наведената адреса пред два дена беше пријавено дека од Мултимедијалниот културен центар „Матица ексклузив“ биле украдени 16 ретки дела од познатиот уметник Павле Кузманоски од Тетово.

Од МВР информираа дека лицето е предадено на полициски службеници од Полициска станица Центар за понатамошна постапка, а за случајот е известен Јавен обвинител.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Можете да прочитате

Ги нападнал малолетните деца и сопругата, со помош од фамилијата нападнал и полицајци: кривична за тројца кумановци

Последна седница на Собранието годинава, донесени повеќе закони по скратена постапка

ГП Евзони (Богородица) затворен за сообраќај на сите видови возила