Утрински Весник
Македонија

(Видео) Започна Самитот на НАТО во Мадрид – Пендаровски ја предводи македонската делегација

Img 5587

Денеска во Мадрид официјално започна Самитот на НАТО, на кој учествува претседателот Стево Пендаровски и ја предводи македонската делегација.

На свечениот пречек, шефовите на делегациите беа поздравени од страна на домаќинот, премиерот на Кралството Шпанија, Педро Санчез и Генералниот секретар на НАТО Алијансата, Јенс Столтенберг.

Ss1

Претседателот Пендаровски претходно изјави дека овој самит претставува уникатна можност за сите сојузници да ја покажат силата и сплотеноста во однос на нашите тековни и идни задачи.

„ Овој самит е посебен и според една друга специфика. Никогаш во историјата на Алијансата од 1949 година не бил организиран самит во исто време додека се води војна на европскиот континент. Можете да замислите дека војната во Украина, односно руската инвазија врз Украина ја диктира агендата на самитот, па така до крајот на овој ден, треба да го усвоиме новиот Стратегиски концепт кој во целост беше синхронизиран вчера од сите сојузници и, се разбира, би требало да го одобриме Меморандумот за разбирање договорен вчера и да ги поканиме двете нови земји да ѝ се приклучат на Алијансата што е можно поскоро откако сите протоколарни процедури се одобрени од сите сојузници. Мислам дека ова е вистинско време да покажеме дека постои зголемена солидарност и сплотеност во рамките на Алијансата и дека во целост ќе го поддржиме украинскиот народ во одбраната на нивната територија, слобода, во суштина борејќи се за демократските вредности и слободата за сите нас“, изјави претседателот Пендаровски пред официјалниот почеток на самитот.

Денеска и утре, претседателот Пендаровски ќе учествува на трите состаноци на Северноатлантскиот совет, што се одржуваат на ниво на шефови на држави и Влади.

На самитот во Мадрид ќе бидат адресирани актуелните безбедносни предизвици и се очекува да биде усвоен новиот Стратегиски концепт на НАТО Алијансата.

Ss1

Можете да прочитате

Ковачевски: СДСМ е потребна во Собранието за да продолжат реформските и прогресивните политики,нема да се откажеме од европската иднина

Истражителка на ОЈО Скопје за компјутерски криминал со меѓународно признание од ИЛЕА

Сообраќајна несреќа вечерва направи прекин на патниот правец Радовиш – Штип