Утрински Весник
Спорт

Монако се пофалија со Минамино

Такуми Минамино потпиша четиригодишен договор со Монако, комплетирајќи го трансферот од 18 милиони евра од Ливерпул, во обид да добие поголема минутажа.

27-годишниот Минамино е третиот фудбалер на Ливерпул кој заминува од клубот по Садио Мане и Дивок Ориги, ставајќи крај на двеиполгодишниот престој на „Енфилд“, откако „црвените“ платија 8.4 милиони евра да го добијат од Ред бул Салцбург во јануари 2020 година. Минамино имаше 55 настапи за Ливерпул и 14 гола,

„За мене е голема среќа што се приклучувам на Монако, и ќе бидам дел од возбудливиот проект во клуб со голема традиција“, изјави Минамино.

> Монако се пофалија со Минамино <

Можете да прочитате

Норвешка најуспешна нација по првата недела од ЗОИ

ЗОИ 2026: Чешкиот тинејџер олимписки шампион во брзо лизгање

МЗТ Скопје Аеродром со „стотка“ против Работнички до полуфиналето во Купот