Утрински Весник
Македонија

Обележување со ладна пластика на пешачките премини на сообраќајниците во Автокоманда

Во населбата Автокоманда започна обележувањето на пешачките премини со ладна пластика на улиците и булеварите во рамките на ноќното обележување на хоризонталната сигнализација ЈП Улици и патишта Скопје. Екипите, како што информираат од општината, изминативе денови ги обележале пешачките премини на булеварот Александар Македонски на пешачкиот премин кај бензиската станица „Макпетрол“ и започнале со бележење и на крстосницата булеварот Александар Македонски со улица 16-та Македонска Бригада.

Обележувањето на пешачките премини со ладна пластика, како што појаснуваат од таму, ќе продолжи и во текот на вечерните часови на истата крстосница, а бидејќи техниката за нанесување на бојата се изведува рачно и е поспецифична за разлика од обичната боја потребно е повеќе време за изведба.

„Употребата на ладната пластика на пешачките премини е поквалитетна и се нанесува во подебел слој и гарантира поголема трајност на бојата.
По налог на Град Скопје и секторот за Сообраќај предвидено е со ваков квалитет на боја да бидат обележани улиците во Мал и Голем Ринг, но моментално оваа боја да се користи при обележување на најфрекфентните сообраќајници т.н црни точки во градот“, соопштија надлежните.

Можете да прочитате

Тренчевска: 2 години Влада на Мицкоски – нема повисоки плати, нема подобар стандард – нула исполнети ветувања

Утре во Скопје започнува меѓународната конференција „Дијалог за единство и мир 2026“

Екс премиерот Ковачевски стана претседател на невладина организација РЕФОРМ 5, првиот настан ќе го одржи денеска