Утрински Весник
Свет

Ердоган со лидерите на Шведска и Финска пред самитот на НАТО

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган утре ќе присуствува на средба со лидерите на Шведска и Финска, пред самитот на НАТО во Мадрид, изјави денеска портпаролот на турскиот претседател Ибрахим Калин.

Финска и Шведска поднесоа барање за членство во НАТО како одговор на рускиот напад врз Украина, но нивните кандидатури се соочуваат со противење од Анкара поради, како што се наведува, поддршката за курдските милитанти и ембаргото за оружје на Турција.

Во интервју за истанбулскиот весник „Хабер Турк“, Калин рече дека тој и заменик министерот за надворешни работи Седат Онал ќе присуствуваат на утрешните разговори со шведската и финската делегација во Брисел.

Портпаролот на турскиот претседател рече дека присуството на Ердоган на преговорите со Шведска, Финска и НАТО „не значи дека Турција ќе отстапи од својата позиција“, но потврди дека Турција и двете нордиски земји генерално се договориле за спорните прашања, како и дека сите би биле во подобра позиција во Мадрид доколку се постигне договор за време на разговорите.

Можете да прочитате

Пукање во фан зона во Калифорнија, eдно лице убиено

ЕУ ќе даде пет милиони евра помош за областите погодени од земјотресите во Венецуела

Иран нападна цели поврзани со американските сили како одговор на американскиот напад