Утрински Весник
Свет

Путин отпатува во поранешни советски држави на состанок со своите колеги

Рускиот претседател Владимир Путин оваа недела ќе посети две поранешни советски држави во Централна Азија, објави руската државна телевизија. Ова е првпат рускиот лидер да ја напушти својата земја откако нареди инвазија на Украина.

Москва се најде под тешки финансиски санкции од Западот, кои според Путин го охрабруваат зајакнувањето на трговските врски на Русија со другите сили како Кина, Индија и Иран.

Павел Зарубин, дописник на државната телевизија на Кремљ за Русија1, рече дека Путин ќе ги посети Таџикистан и Туркменистан, а потоа ќе се сретне со индонезискиот претседател Јоко Видод на разговори во Москва.

Во Душанбе, Путин ќе се сретне со таџикистанскиот претседател Имамали Рахмон, близок руски сојузник и владетел со најдолг стаж на поранешната советска држава.

Последното познато патување на Путин надвор од Русија беше посетата на Пекинг на почетокот на февруари. Потоа, рускиот лидер и кинески претседател Шји Џинпинг го претстави „договорот за пријателство без ограничувања“, само неколку часа пред да присуствува на церемонијата на отворање на Зимските олимписки игри.

Можете да прочитате

ПРВИ ФОТОГРАФИИ ОД МАДУРО ЗАД РЕШЕТКИ: Насмеан позира од затворот во Њујорк

Хамнеи ги повика земјите од Персискиот Залив да се обединат против „вистинскиот непријател“

Најмалку 750 мртви во поплавите и лизгањето на земјиштето во Непал, властите предупредуваат за зголемување на нивоата на реките