Утрински Весник
Свет

Илјадници активисти маскирани како лидерите од Г7 протестираат во Минхен

Активисти облечени како лидерите на Групата седум земји одржаа протест на градскиот плоштад во Гармиш-Партенкирхен, во близина на местото на одржување на самитот.

Носејќи традиционална баварска облека и огромни маски кои потсетуваат на главите на американскиот претседател Џозеф Бајден, германскиот канцелар Олаф Шолц и други лидери, активистите се преправаа дека ја „печат“ планетата Земја на почетокот на самитот, пренесе АП.

„ Очекуваме јасен сигнал дека ќе ги исполнат своите обврски од Парискиот договор и ќе направат јасни подобрувања кога станува збор за заштитата на климата“, рече Шарлот Бекер од организацијата за борба против сиромаштијата Оксфам.

Невладината организација, исто така, бара воведување данок на вишокот на добивка заработен за време на пандемијата на коронавирусот, што според неа ќе донесе стотици милијарди долари.

Парите треба да се искористат за борба против сиромаштијата и гладот ​​ширум светот, се вели во соопштението.

Полицијата распореди илјадници полицајци околу местото на одржување на самитот во баварското село Елмау, во блискиот Гармиш-Партенкирхен и во Минхен.

Можете да прочитате

Израелската војска принуди 1.200 Палестинци да ги напуштат домовите во Хеброн

Во судир на два воени авиони за време на тренинг лет на Филипините загинаа четири пилоти

Протести во Чешка поради промени во финансирањето на медиумите, демонстранти се обидоа да влезат во Парламентот