Утрински Весник
Свет

Украина: Коза активирала експлозив во Запрожје, повредени најмалку 40 руски војници

Најмалку 40 руски војници се повредени откако коза активирала експлозив поставен околу болницата во Запорожје со своето хаотично движење, пренесува британски Телеграф.

Војниците поставувале мини кога коза, која побегнала од фарма во селото Кински Роздори, активирала експлозивна направа.

Шефот на украинската разузнавачка служба изјави дека руските војници поставиле мини околу локалната болница. Набргу по поставувањето на минската замка, кон областа дошла коза и активирала верижна експлозија во која се повредени десетици војници.

„Со своите хаотични движења, козата активираше неколку гранати. Како резултат на тоа, неколку Руси се здобија со повреди со различна тежина“, пишува разузнавачката служба.

Се проценува дека се ранети 40 војници. Животното го нарекоа „Козата на Киев“, а неговата судбина засега не е позната.

Можете да прочитате

„Ако мојата ќерка забремени од силување, треба да го роди детето“ – скандалозен став на починатиот Чарли Кирк по однос на прашањето за абортус

ФБИ објави фотографии од осомничениот за убиството на Чарли Кирк

Трамп постхумно ќе го одликува Кирк со Претседателски медал на слободата