Утрински Весник
Свет

Објавено видео од нападот во Осло

Во главниот град на Норвешка две лица загинаа, а 19 се повредени при пукање во ноќен клуб.

Напаѓачот е уапсен во близина на клубот, а кај него било пронајдено оружје.

Како што беше наведено, утринава во 01:19 часот полицијата добила неколку пријави за пукање во центарот на градот, а по пристигнувањето на местото напаѓачот брзо бил совладан, пренесува Ројтерс.

Засега властите сметаат дека напаѓачот делувал сам.

Норвешката полиција го истражува пукањето во Осло како терористички напад

„Полицијата го уапсила осомничениот. Инцидентот се истражува како терористички напад, се вели во соопштението.

Можете да прочитате

Француските трговци ги заковуваат излозите пред новите протести, се плашат од грабежи

Песков најавува преговори за Украина во Абу Даби во почетокот на ноември

Товарен брод потона во Црното Море кај Констанца по сомнителен напад со дрон; еден морнар е загинат