Утрински Весник
Култура

Поетско читање вечерва на фестивалот Крик – фестивал за критичка култура

Во рамки на програмата на Ккрик – фестивал за критичка култура вечерва ќе се одржи поетско читање и одбележување на двотомното издание на преводот од француски на англиски јазик на книгата на Нејтан Браун, „Сенката на Бодлер — Есеј за поетската определба“. Ќе биде промовирано и придружното издание на анализата на преведувачот Џед Расула. Станува збор за заеднички издавачки меѓународен проект на Мултимедијалниот институт од Загреб и Контрапункт од Скопје. Настанот ќе се одржи во предворјето на Даут пашин амам. За изданието ќе говори Петар Милат (Хрватска).

„Централна, неизбежна противречност се провлекува низ Цвеќињата на злото: да се биде одлучен значи да се одреди. Во Бодлеровата сенка, Нејтан Браун го разјаснува и теоретизира овој дијалектички проблем на определување кој се проткајува низ духовните, сексуалните, метафизичките, социјалните и естетските драми на обемот на Бодлер. Комбинирајќи блиска формална анализа на одредени песни со синтетичко разбирање на книгата како целина, притоа развивајќи филозофски пристап способен да се справи со нејзините сложени иронии, Браун ги проучува фигурите на посредување низ поглавјата фокусирани на смртта, празнината и актуелноста на општественото“, вели професорот Браун.

Синоќа, во магичниот простор на Сули ан се одржа настанот „Гозба или за љубовта” концептуален, перфромативен дијалог, во духот на Платоновите симпозиуми, каде што Елизабета Шелева, Славчо Димитров, Никола Маџиров, Владимир Јанковски, Петар Милат (Хрватска), Милица Пекиќ (Србија) и Ивана Хаџиевска и Артан Садику со храна и пијалок заедно со публиката говореа за нивните сфаќања за демократија и слободата во 21 – век. Како треба да изгледа вистински демократска заедница, дали развојот на технологијата ни донесе повеќе слобода, дали вистинската демократска заедница е утопија, каква е улогата на љубовта во политиката, беа некои од темите за кои се разговараше на овој настан.

Крик – фестивал за критичка култура е платформа која се застапува за афирмација нa уметничките и културните практики, нивните критички капацитети и нивната применливост во анимирање и критичкото мобилизирање општествените процеси.

Програмите на Крик се креирани за да поттикнат во јавната сфера критичка дебата преку која би се промовирал социо-културниот капитал како јадро кое е длабоко поврзано со најрелевантните политички и општествени теми.

Текстот Поетско читање вечерва на фестивалот Крик – фестивал за критичка култура е превземен од МАКФАКС.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“