Осмото издание на фестивалот за музички документарни филмови Скопје Синема Сити ќе се отвори со изложба српскиот рок фотограф Немања Ѓорѓевиќ.
Изложбата е насловена како „They Long for the Light of Your Touch” и е комплетно посветена на овогодинешниот лауреат на фестивалот Ник Кејв кој ќе добие признание за животно дело.
Изложбата ќе се одржи на 29. јуни со почеток во 20:00 часот во галеријата на КИЦ.
Фестивалот е поддржан од Агенцијата за филм, Министерството за култура на РСМ, Кинотека на РСМ, Културно информативниот центар, Здружение на Србите во Македонија „Спона“, а во организација на здружението Номад-Арт.
Текстот Изложба на фотографии од Ник Кејв за почеток на Скопје Синема Сити е превземен од МАКФАКС.