Утрински Весник
Политички Партии

СДСМ: Доста беа лаги, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да им се извинат на граѓаните и да се променат

Сите лаги што Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ги пласираа во однос на евроинтеграциите потонаа. Тврдењата дека наводно државата ќе се бугаризирала, дека народот ќе бил асимилиран пукнаа како меур од сапуница како и многу други лаги претходно, пишува во соопштението од партијата на власт.

„Премногу е од лагите од белиот дворец, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да смогнат сили и да им се извинат на граѓаните. Еве шанса ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски да се променат и наместо да одработуваат за туѓи центри на моќ, да се престројат на страна на на граѓаните, на страната на националните интереси“, се додава во реакцијата од страна на СДСМ.

Претседателот на СДСМ и на Владата, Димитар Ковачевски, појаснуваат од владејачката партија, покажа државништво, покажа како се брани национален и државен интерес, како се штити националното достоинство на македонскиот народ.

„Од тој пример, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ можат доста да научат“, потенцираат во напишаното од СДСМ.

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт