Утрински Весник
Македонија

Казнети 43 мотоциклисти во Кумановско

Полицијата информира дека денеска во периодот од 12 до 18 часот, полициски службеници на СВР Куманово спроведоа акциска контрола за прекршоци што ги прават мотоциклисти, во која вкупно биле откриени и санкционирани 43 прекршоци.

Најголемиот број од прекршоците (33) се однесувале на некористење на заштитна кацига и на управување без положен возачки испит и валидна дозвола за тоа – 6.

Од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

 

Можете да прочитате

Вчера уапсени 20 возачи низ Македонија

Мотоциклист настрада во сообраќајка на Пластичарска

ВМРО-ДПМНЕ: Над 2000 проекти се реализирани во неполни две години