Утрински Весник
Македонија

Сите лаги на ВМРО-ДПМНЕ потонаа, толку ниско паднаа што немаат образ ниту да се извинат

Dik 300x250 mk

Денеска сите тешки лаги кои што ВМРО-ДПМНЕ ги пласираше потонаа. Потона уште еден Титаник на ВМРО-ДПМНЕ.

Заедно со нивниот коалициски проруски партнер Левица, гушнати во деструкцијата и желбата да и наштетат на сопствената држава и на сопствениот народ.

Со денови Христијан Мицкоски, Димитар Апасиев и бројни функционери на ВМРО-ДПМНЕ и Левица ширеа лаги дека државата ќе се бугаризира, дека јазикот и идентитетот се распродадени, смислено и тенденциозно создаваа хистерија во јавноста за да нанесат штета на државните позиции.

Сите тие смислени лаги за нанесување штета на државата потонаа.

Толку ниско се паднати Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ што немаат образ ниту да се извинат.

Затоа се опозицијата и ќе останат уште долго во опозиција.

Претседателот на СДСМ и на Владата, Димитар Ковачевски покажа државништво, покажа како се брани национален и државен интерес, како се штити националното достоинство на македонскиот народ.

Соопштение за јавност СДСМ

Можете да прочитате

Лишен од слобода скопјанец кој пукаше синоќа со пиштол во Чаир

Денеска се празнува Преподобна Параскева (Петка)

Претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд