Во мултимедијалниот културен центар „Матица Ексклузив“ од Скопје денеска во 12 часот ќе биде промовирана колор-монографијата „Урбани пејзажи“ од академскиот сликар Павле Кузманоски.
За ова ретко издание ќе говори академик Витомир Митевски.
Промоцијата ќе биде збогатена и со изложба на дваесет и пет слики од авторот работени во изминатите шест децении.
Текстот Промоција на монографијата „ Урбани пејзажи“ од Павле Кузманоски е превземен од МАКФАКС.