Утрински Весник
Македонија

(Видео) Џамбаски ја блокираше куќата на Борисов поради Македонија: Не треба да се дозволи национално предавство

Европратеникот Ангел Џамбаски заедно со партиските поддржувачи ја блокираа куќата на лидерот на ГЕРБ Бојко Борисов. Акцијата се случи доцна синоќа, но Борисов не се појави, пишуваат бугарските медиуми.

Причина за незадоволството е барањето на ГЕРБ да се поддржи францускиот предлог за Северна Македонија за почеток на преговорите за членство во ЕУ. Пред неговата куќа пак беа раширени пароли во кои се повикуваше Борисов да не ја предава Македонија.

Пред куќата на поранешниот премиер биле неговите сопартијци, меѓу кои Десислава Атанасова, Георг Георгиев и други, јавија медиумите. Според нивните извештаи следувале благи судири, но тензиите се намалиле откако Џамбаски ги уверил дека целта не им е да прават ексцеси. Тој апелирал до претставниците на ГЕРБ дека се пред важни одлуки и мора да ги бранат бугарските позиции.

„Дојдовме да го запознаеме човекот кој се двоуми. Сакаме да му кажеме на господинот Борисов и на сите пратеници дека оваа кауза ги надминува сите внатрепартиски препукувања. Не треба да се дозволи национално предавство во наредните денови“, повикал Џамбаски.

„ГЕРБ никогаш не извршила национално предавство. Ние го потпишавме Договорот за добрососедство и Рамковниот став. Европската комисија и ЕУ како гарант за исполнување на условите поставени од ГЕРБ се засноваат на овој предлог“, кажал Георгиев.

Можете да прочитате

Засилени контроли на скопските улици – Приведен малолетник, санкционирани повеќе возачи

Намалена видливост поради магла на патот Попова Шапка – Лисец

Шуга меѓу војници во касарната во Велес