Утрински Весник
Македонија

Тренчевска: Заедно со меѓународните партнери и граѓанските организации градиме еднакво општество за сите

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска присутвуваше на настан организиран од УН агенциите во земјава, каде водено беше презентирана „Анализата на состојбата со правата на лицата со попреченост во Република Северна Македонија-2021“, и беше претставена заедничката програма на ОН „Од знаење и ангажман до зајакнување и учество“.

Таа се осврна на воспоставувањето на социјалните услуги во заедницата, каде се јавуваат јавни и приватни даватели на услугите, како и дека досега се лиценцирани над 60 приватни даватели на социјални услуги, од кои најголемиот дел се финансираат од буџетот МТСП.

„Во владина процедура е третиот Акцискиот план за деинституционализација, а се интензивира преселбата на корисниците од социјалните институции. Скоро 65% од корисниците во Специјалниот Завод во Демир Капија се преселени преку таквите социјални услуги за живеење со поддршка кај јавни и приватни даватели на социјални услуги. Истовремено, во подготовка е и проект за темелна реконструкција и модернизација на Заводот Скопје (Топанско Поле) кој е замислен да биде Центар за социјални услуги,“ рече Тренчевска.

Посочи дека моментално функционираат 36 дневни центри за деца и лица со попреченост на територија на целата држава, кои треба да се реформираат – да прераснат во даватели на современи индивидуални услуги, а не да обезбедуваат само „дневен престој“. Притоа, ја потенцираше важноста да се работи на развивање на вештини на оние кои што ја користат услугата. Посочи и дека, децата и да возрасните да се „одвојат“, затоа што работата со децата бара специфичност и центрите треба да работат токму на оспособување на децата за нивна поголема активност понатаму во животот.

Можете да прочитате

Спасовски: Со ребалансот власта ја признава економската катастрофа – 0 проекти, 0 резултати

СДСМ: Мицкоски го избриша македонскиот јазик од Европскиот парламент и треба да сноси одговорност

ВРЕДИ: ДУИ ја продаде еднаквоста за Соравија