Утрински Весник
Свет

Училиштето во Тексас каде се случи масакр ќе биде срушено

Основното училиште во Тексас, каде вооружен напаѓач уби 19 ученици и две учителки, ќе биде урнато, изјави градоначалникот, а пренесе Би-би-си. Дон Меклафлин го кажа ова во вторникот на напната и емотивна седница на Градскиот совет со жителите кои бараа одговори за пукањето.

Тој не кажа кога ќе се урне училиштето. Јавниот гнев се зголеми по нападот во мај, а вината беше префрлена на полицијата која чекаше повеќе од еден час за да се соочи со напаѓачот. Меклафлин рече дека училиштето ќе биде разрушено бидејќи не можете да бара од ниту едно дете или наставник некогаш да се врати во тоа училиште.

Основното училиште Роб има речиси 600 ученици во второ, трето и четврто одделение. Нападот на 18-годишникот, идентификуван како Салвадор Рамос, доведе до обновена дебата за законите за оружје на национално ниво.

Американските сенатори во вторникот извршија притисок за нов закон кој се однесува на масовните пукања во, како што се вели, најзначајната нова контроли на оружје во генерација.

Можете да прочитате

САД извршија нови напади врз Иран, Вашингтон остава отворена можност за дијалог со Техеран

Украина изврши нови напади врз логистички центри на „Вајлдберис“ во Русија, има повредени

Нови ирански напади врз Кувајт, Јордан и Бахреин