Утрински Весник
Македонија

Министерот за локална самоуправа Милевски се спротивстави на францускиот предлог за решавање на спорот

Билатералните спорови не смеат да станат европски услови, а македонската евроинтеграција не смее да биде заложник на фрустрациите на Бугарија, смета министерот за локална самоуправа и лидер на Либерално демократската партија, Горан Милевски.

Тој е првиот функционер во Владата кој гласно се спротивстави на францускиот предлог за решавање на спорот со Бугарија најави дека овој став ќе го застапува во рамките на партијата и во Владата.

„Франција ти благодарам, но НЕ. Билатералните спорови не смеат да станат европски услови како што спорот помеѓу Словенија и Хрватска не беше за влез на Хрватска во ЕУ. Јазикот не може да биде компромис, тоа е веќе решено прашање со Преспанскиот договор.

ЕУ треба да знае да се изјасни, ја сака ли Македонија во ЕУ или НЕ. Ние повеќе немаме време за губење. Потребен е брз развој со јасни политики и однос кон ЕУ и нивните перманенти услови.

Во ЕУ ќе влеземе како Македонци со својата вековна историја, култура, традиција и вредности, со сопствен јазик и посебности, а влез како втора бугарска држава, ниту сакаме, ниту некој може да прифати, ниту кореспондира со реалноста и историјата.

Историската комисија да даде доставување на видот што се договориле со оние од Бугарија. Не може тројца историчари да бидат историската вистина. За секое нивно решение треба да има широк општествен консензус“, објави Милевски.

Можете да прочитате

Метеж на Табановце и Богородица – се чека по 20-30 минути за влез и излез!

Познатата македонска писателка за изјавата на премиерот: Човек треба да е среќен, а среќата произлегува од слободата, а слободата значи право на избор

МВР со апел до граѓаните: Да не отвораат линкови од СМС пораки