Утрински Весник
Свет

Русија: Уништен хангар со украински беспилотни летала „Бајрактар“ кај Одеса

Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Русија со помош на високопрецизни ракети „Оникс“ уништи хангари, каде што имало беспилотни летала „Бајрактар“, во близина на Одеса како одговор на нападот на украинските сили на нафтени платформи во Црното Море, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.

„Како одговор на саботажата на режимот во Киев, крстосувачки ракети ‘Оникс’ на воениот аеродром ‘Школни’ во областа Одеса уништија хангари на украинските беспилотни летала ‘Бајрактар ТБ2’, кои беа идентификувани од руската извидничка опрема“, се вели во соопштението на Министерството.

Украинските сили вчераутро извршиja напад на платформи за дупчење на компанијата за нафта и гас на Крим „Черноморнефтегаз“, изјави лидерот на Крим, Сергеј Аксјанов.

Можете да прочитате

Воена делегација од Либија загина во авионска несреќа јужно од Анкара

Спречен терористички напад во Турција

Унгарија: Воениот заем на ЕУ за Украина нема да донесе мир