Утрински Весник
Спорт

Садио Мане дојде во Минхен, веќе е во дресот на Баерн

Сенегалскиот интернационалец Садио Мане е во Минхен и го одработи првиот дел од лекарските прегледи пред да го финализира трансферот од Ливерпул. На заминувањето од клиниката напаѓачот го облече дресот на Баерн, потпишувајќи автограми и фотографирајќи се со навивачите.

Вториот дел од тестовите ќе се одржат во медицинскиот центар на клубот, а презентацијата на новиот напаѓач е планирана за утре.

Баерн Минхен ќе му плати 32 милиони евра на Ливерпул, а останатите 9 милиони евра се врзани со бонуси.

> Садио Мане дојде во Минхен, веќе е во дресот на Баерн <

Можете да прочитате

Азија ја поддржи кандидатурата на Инфантино

Серген Јалчин е нов селектор на Турција – потпиша договор на четири години

Дисциплински постапки против Шкендија Арачиново и Камјани од страна на ФФМ