Утрински Весник
Свет

Аселборн: Европа е обединета во поддршката за кандидатскиот статус на Украина

Европските земји се обединети во поддршката на Украина да ѝ се даде статус на кандидат за членство во Европската унија, изјави денеска министерот за надворешни работи на Луксембург, Жан Аселборн.

„ Работиме за да можеме да му докажеме на Путин дека Украина ѝ припаѓа на Европа, дека ќе ги браниме вредностите што Украина ги брани“, изјави Аселборн за новинарите пред состанокот со другите министри на ЕУ.

Можете да прочитате

ЕУ ќе даде пет милиони евра помош за областите погодени од земјотресите во Венецуела

Иран нападна цели поврзани со американските сили како одговор на американскиот напад

Трамп го претстави специјалниот пасош со својот лик