Утрински Весник
Свет

Судот на ЕУ: Собирањето податоци за патниците во авионите треба да биде ограничено

Dik 300x250 mk

Собирањето податоци за патниците во авионите во Европската Унија во борбата против криминалот мора да биде ограничено на она што е неопходно, одлучи Врховниот европски суд, повикувајќи се на основните права.

Директивата за евиденција на патници, усвоена во 2016 година, им дозволува на полицискиот и судскиот персонал да пристапи и да ги користи податоците за патниците на летовите до и од ЕУ за борба против сериозен криминал и одржување на безбедноста во унијата.

Групите за човекови права сметаат дека ова е инвазивно и неоправдано кршење на основните права на приватност и заштита на податоците.

Во 2017 година, белгиската лига за човекови права и други организации се обидоа да ја оспорат директивата на суд, тврдејќи дека собира премногу податоци и дека тоа може да доведе до масовно следење и дискриминација. Белгискиот суд потоа побара мислење од Судот на правдата на Европската Унија (СЕУ) во Луксембург.

„Судот смета дека почитувањето на основните човекови права бара овластувањата дадени со директивата да бидат ограничени на она што е неопходно“.

Можете да прочитате

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

Над 30 повредени откако бил испуштен иритирачки гас во германско училиште

СЗО ќе вакцинира 44.000 деца во Појасот Газа