Утрински Весник
Свет

Обилни дождови во јужна Кина, евакуирани повеќе од 220.000 луѓе

Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Обилните дождови во Кина предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето на југот на земјата, како и евакуација на стотици илјади жители, објавија денеска тамошните официјални медиуми.

Обилните врнежи се чести кон крајот на пролетта и почетокот на летото, особено во центарот и јужниот дел на земјата, каде што има бројни фабрики.

Во последните денови, обилните дождови ја погодија динамичната јужна провинција Гуангдонг и ја загрозија логистиката во време кога синџирите на снабдување се веќе под притисок поради ограничувањата против ковид.

Во градот Шаогуан, кој се наоѓа на околу 200 километри северно од главниот град на провинцијата, денеска е издадено црвено предупредување за поплави, што е највисок степен на предупредување од кинеската метеоролошка служба.

Училиштата се претворени во привремени засолништа, а стотици шатори се подигнати на едно спортско игралиште, покажуваат снимките објавени во медиумите.

Соседниот регион на југот е погоден од најобилните врнежи од 2005 година, објавија локалните медиуми. Жителите беа евакуирани со гумени чамци, а водата ги поплави станбените области.

Според локалната метеоролошка служба, 28 реки во регионот го поминале нивото на тревога од поплави.

Во источната провинција Фуџијан, која е спроти островот Тајван, повеќе од 220.000 луѓе превентивно ги напуштиле своите домови од почетокот на месецот, според новинската агенција Ксинхуа.

Можете да прочитате

Силен руски напад со суперсонични ракети врз Киев

Зеленски: Русите нè напаѓаат од Белорусија

Поранешниот премиер на Малезија осуден на уште 15 години затвор за скандалот 1MDB