Утрински Весник
Свет

Шолц: Путин се обидува да ја подели Европа

Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека рускиот претседател Владимир Путин се плаши дека „искрата на демократијата“ ќе се прошири во неговата земја, додавајќи дека се обидува да ја подели Европа и да се врати во светот во кој доминираат сфери на влијание.

Во интервју за „Минхнер Меркјури“, на прашањето дали Путин ќе го прифати пристапот на Украина во Европската Унија, тој изјавил дека рускиот претседател мора да прифати дека во неговото соседство постои заедница на демократии засновани на закони кои се поблиску и поблиску, пренесува Ројтерс.

„Тој (Путин) очигледно се плаши дека искрата на демократијата ќе се прошири во неговата земја“, рекол германскиот канцелар.

Тој оценил и дека рускиот претседател сака поделена Европа и враќање во сферата на влијание.

„Тој нема да успее во ова“, кажал Шолц.

Предупредил дека скокот на цените на енергенсите веројатно ќе трае долго и ги отфрлил тврдењата на Русија дека ја прекинала испораката на гас бидејќи недостасуваат неопходните резервни делови поради санкциите.

„Ова објаснување не е убедливо“, истакнал германскиот канцелар.

Можете да прочитате

Руте: ЕУ не треба да се одвои од САД во однос на одбраната

ЕУ ќе мора амбициозно да работи на проширувањето во 2026, ако сака прием на нови членки според планираното

Во Русија разбиена мрежа на печатници кои фалсификувале пасоши и други документи