Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Мицкоски да ја прифати пораката од граѓаните и да се откаже од деструкциите

„Граѓаните со дебаклот на протестот му упатија јасна порака на ВМРО-ДПМНЕ и на Христијан Мицкоски дека не сакаат блокади и деструкции.
Наместо да биде единствен опозициски политичар кој и во време на криза работи против државата и граѓаните, Мицкоски конечно треба да ја прими и разбере пораката од јавноста“ порачуваат од СДСМ.

Во соопштението велат дека „деструктивното дејствување на штета на граѓаните и на државата е неодговорно, особено во време на најголема економска и енергетска криза по втората светска војна“.

„Граѓаните знаат дека човекот кој едно зборува дома, а друго надвор, кој ги поткопува државните позиции, манипулира за наводна асимилација и бугаризација не може да биде опција за иднината. Лагите на Мицкоски, кој брани криминал од епски размери, потврден со судски одлуки, како Талир 2, кој незаконски грабал од народот за криминално да го направи Белиот дворец не поминуваат кај граѓаните“ се вели меѓудругото во соопштението на СДСМ.

Можете да прочитате

Извлечено телото на исчезнатиот давеник од Вардар 

Запленети над 11 килограми марихуана и 400 грама кокаин во стан во Скопје

Филипче со закана за исклучување на Петровска?!