Утрински Весник
Македонија

Пендаровски: Членството на Финска во НАТО дополнително ќе ја зајакне безбедноста

Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими финската премиерка, Сана Марин, која е во посета на земјава.

Како што информираат од претседателскиот Кабинет, во фокусот на разговорите биле билатералните односи и соработката меѓу двете земји, перспективите на Северна Македонија за почеток на преговорите за членство во ЕУ, новонастанатите политички и економски текови во Европа, како и апликацијата на Финска за членство во НАТО.

Во однос на претстојниот Совет на ЕУ и блокадата од Бугарија, Пендаровски посочил дека процесот на проширување не треба да биде заложник на внатрешно-политичките ситуации на земјите-членки на Унијата.

Исто така, претседателот ја поздравил апликацијата на Финска за влез во НАТО.

„Северна Македонија е силен поборник на политиката на отворени врати на НАТО и безусловно го поддржуваме членството на Финска во Алијансата, што ќе ја зајакне безбедноста не само во Северна Европа, туку и на НАТО во целина“, порачал Пендаровски.

Можете да прочитате

Работник од Делчево се здобил со тешка повреда при извршување на работните обврски

Густа магла на повеќе патни правци

МЕПСО го рестартира стратешкиот проект за 400 kV интерконекција Битола – Елбасан