Утрински Весник
Спорт

Ако Мане три пати ја освои Златната топка, Ливерпул ќе заработи три милиони евра

Садио Мане утре ќе пристигне на лекарски прегледи во Минхен, а потоа ќе потпише три годишен договор со Баерн.

Неколку недели траеја преговорите за потписот на Сенегалецот, на крајот Баерн се согласија да платат 32 милиони евра, а Ливерпул ќе можат да добијат дополнителни шест милиони евра преку бонусите.

Кога ќе се погледне договор, до еден дел од парите Ливерпул веројатно никогаш нема да дојде. Имено, во договорот се предвидува Баерн да исплати три милиони евра доколку Мане освои три Златни топки во низа.

Втората клаузула која носи три милиони евра е реална. Ливерпул ќе заработи доколку Барн во наредните три сезони ја освојува титулата во Бундес лигата.

> Ако Мане три пати ја освои Златната топка, Ливерпул ќе заработи три милиони евра <

Можете да прочитате

Кристијано Роналдо ја игра последната сезона

Бабунски промаши пенал, Струга ТЛ победи во дербито на колото

Дарио Ивановски го освои 46.то место на маратонската трка на ЕП