Утрински Весник
Спорт

Мбапе лани сакал да се повлече од репрезентацијата

Еден од најдобрите напаѓачи на денешницата Килијан Мбапе сакал да повлече од репрезентацијата на Франција. Ова во јавноста го откри претседателот на Фудбалскиот сојуз на Франција, Ноел Ла Грет, Тој раскажал што се случило по неочекуваниот пораз на Франција од Швајцарија во осминафиналето на претходното Европско првенство.

Франција загуби од Швајцарија во јуни минатата година по изведување пенали, а по 90 минути и продолженија беше 3:3.

Потоа во пенал серијата Мбапе промаши удар од 11 метри, што подоцна им овозможи на Швајцарците да се пласира во четвртфиналето со резултат 8:7.

„Се сретнавме по натпреварот. Мбапе тврдеше дека ние како Федерација не застанавме зад него по промашениот пенал и критиките на кои беше изложен на социјалните мрежи. Седевме во мојата канцеларија пет минути, тој беше многу лут, не сакаше да игра за Франција веќе. Знаете каков е тој. Беше фрустриран. Килијан е победник и како и сите ние се чувствуваше лошо по елиминацијата. Тој е одличен човек и подобар тимски играч отколку што мислат луѓето“, изјави Ла Грет.

Мбапе накратко објасни дека бил лут поради расизмот и дека поради тоа реагирал на социјалните мрежи.

„Тогаш му објаснив дека сум лут поради расизмот, а не поради промашениот пенал. Но тој тврдеше дека нема расизам“, напиша Мбапе на „Твитер“.

> Мбапе лани сакал да се повлече од репрезентацијата <

Можете да прочитате

Британскиот тенисер Енди Мареј ќе се врати на теренот на 18 мај во Женева

Реал Мадрид и Баерн Минхен ќе се пресметаат за вториот билет на „Вембли“

Панатинаикос му се приклучи на Реал на кошаркарскиот фајналфор