Утрински Весник
Економија

ВМРО-ДПМНЕ: За една година лебот, брашното, зејтинот и другите прехранбени продукти имаат раст на цените и за 100 отсто

 

За една година лебот, брашното, зејтинот и другите прехранбени продукти имаат раст на цените и за 100 отсто, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

„Тоа што лани можело да се купи со 500 денари, сега не може да се купи ниту со 1.000 денари.

Правда нема. Нема правда за загинатите во Тетовската болница, за загинатите во случајот со Беса Транс. Нема правда за Тот, за младото момче од струмичко кое беше убиено пред неколку дена.

Системот не функционира.

Со СДСМ и ДУИ земјоделците се потешко преживуваат. Неможат да го продадат својот род, а нема со што ниту да ги прехранат семејствата.

Луѓе во ек на пандемија се соочува со колабирано здравство.

Во Македонија никогаш не се живеело полошо. СДСМ и ДУИ мора да си заминат. Избори час поскоро“, се додва во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Можете да прочитате

Прв ден од Самитот на Македонија2025: Потребни се забрзан одржлив раст, силно лидерство и заедничка акција за просперитетна иднина на Македонија

Левица: Животот стана луксуз за работникот

Почнува Самитот на Македонија2025: Вечерва свечен прием кај претседателката, утре стартува главната програма