Утрински Весник
Свет

Украина планира да ги продолжи мировните преговори со Русија кон крајот на август

Киев има намера да ги продолжи мировните преговори со Русија кон крајот на август, откако ќе спроведе контранападни операции, соопштија денеска украинските власти, додека на истокот на земјата продолжуваат тешките борби.

„Украина тогаш ќе биде во подобра позиција да преговара“, изјави главниот преговарач на Киев, Дејвид Арахами, во интервју за „Гласот на Америка“, но не даде детали за стратегијата.

Мировните преговори меѓу двете страни се во застој. Кон крајот на март, Киев рече дека е подготвен да се откаже од својата амбиција за членство во НАТО во замена за меѓународни безбедносни гаранции.

Русија од друга страна бара демилитаризација на соседот и предавање на териториите на источните региони Доњецк и Луганск.

Можете да прочитате

Зеленски: САД дава сигнали за продолжување на мировните преговори со Русија

Белорусија ослободи 250 политички затвореници

Русија најавува помош за Куба во услови на блокада