Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Дали пропаднатиот митинг на ВМРО-ДПМНЕ надмина 300.000 евра?

„Дебаклот на ВМРО-ДПМНЕ, односно неуспешноста на вчерашниот митинг на Христијан Мицкоски упати јасна порака дека граѓаните не се за деструкции и блокади и не сакаат предвремени избори.

Но колку чинеше дебаклот на ВМОР-ДПМНЕ?

Математиката е едноставна.

На митингот имаше присутни околу 15.000 членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ, но партијата сигурно планирала повеќе и ангажирала превоз и останати потреби за околу 20.000 членови.

Превоз за 20.000 членови чини околу 200.000 евра. Ако на тоа се додадат и останати трошици за нив, вода, сок, сендвич, бина, озвучување, струја и се друго потребно, сумата е значително поголема.

Дали пропаднатиот митинг на ВМРО-ДПМНЕ ја надмина сумата од 300.000 евра?“

Соопштение на СДСМ

Можете да прочитате

Воената академија во Скопје ќе добие спортска сала, покрај питомците ќе ја користат и училиштата во општина Аеродром

Задутре времен застој на ГП “Делчево” заради градежни работи

Ангелов го испрати воздухопловниот тим на хеликоптерот „Блек Хок“ од Чешка