Утрински Весник
Македонија

„Ви благодарам на поддршката“ – Алабаковски првпат се огласи во јавноста

Македонскиот пејач Ламбе Алабаковски против кого се води постапка за палењето на вратата на бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола, и’ се заблагодари на јавноста за поддршката.

„Народе мој Ви благодарам за Вашата искрена поткрепа! Ве љубам од длабочината на срцето и душата“, напиша Алабаковски на социјалните мрежи.

Ова е прва реакција на Алабаковски на социјалните мрежи по приведувањето.

Тој се гони за предизвикување општа опасност. Според информациите кои беа објавени во медиумите, Алабаковски во полицијата го признал делото коментирајќи дека го сторил од патриотски причини. По приведувањето му беше одреден притвор со образложение дека постои можност за бeгство оти пејачот поседува двојно државјанство, македонско и на САД, по што беше префрлен во куќен притвор.

Пред четири дена неговиот адвокат, Дарко Стефановски, информираше дека на пејачот му е одземен пасошот како мерка на претпазливост и нема продолжување на притворот.

Случајот предизвика реакции во јавноста, а во Битола беше организиран и протест за поддршка на пејачот.

Можете да прочитате

Дете со тешки повреди пренесено во болница, го удрила 70-годишна жена со возило

Oтворил резервоар од „порше“ и ставил непозната течност, кривична за Србин

Жените сe 39,2 отсто застапени во Собранието, но само 15 отсто во Владата