Утрински Весник
Македонија

(Видео) Пендаровски: Поддршка за евро-атлантските аспирации на Косово

Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Охрид оствари билатерална средба со претседателката на Косово, Вјоса Османи на којашто се разговараше за развојот на билатералните односи, актуелните предизвици на регионален и мултилатерален план и безбедносната состојба во регионот и пошироко.

На средбата претседателите изразија задоволство од динамиката на односите и соработката меѓу Република Северна Македонија и Република Косово разгледувајќи ги можностите за унапредување на билатералната соработка во сите области од заемен интерес.

Од своја страна, Пендаровски, во духот на градењето добрососедски односи, го реафирмираше ставот за поддршка на евроатлантските аспирации на Косово како и активното пристапување на Косово кон постојните регионални иницијативи и форуми.

Во таа смисла, соговорниците разменија мислења за состојбите во регионот, како и актуелностите во дијалогот на Косово со Србија, ангажманот на меѓународните претставници и притоа се согласија дека во светло на новите геополитички предизвици предизвикани од руската воена агресија врз Украина, мирното решавање на отворените прашања на Западниот Балкан треба да биде апсолутен императив за сите.

Можете да прочитате

Филипче за Алта Банка: Сомнителен капитал одбиен во ЕУ, прифатен во Македонија

Позитивната листа на лекови ќе биде проширена и во 2026 година, фокусот на лековите за кардиоваскуларни заболувања

Цените за основниот специјалистички пакет и за интернистичкиот пакет ќе бидат зголемени