Утрински Весник
Македонија

Пендаровски – сер Стјуарт Пич: Со отворањето на пристапните преговори за членство на Северна Македонија позитивно ќе се влијае за стабилноста на регионот

Во „Вила Билјана“ во Охрид македонскиот претседател Стево Пендаровски го прими сер Стјуарт Пич, Специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан.

На средбата се разговараше за актуелните состојби во регионот во светло на активностите на Пич како специјален претставник на Обединетото кралство за Западен Балкан.

Во тој контекст, претседателот Пендаровски ја истакна посветеноста на Обединетото Кралство за одржување на просперитетот и безбедноста на регионот. Обединетото Кралство, посочи претседателот Пендаровски, е докажан пријател на Северна Македонија и силен поддржувач во исполнувањето на нејзините стратешки цели и изрази очекување за продолжување на поддршката за зајакнување на стабилноста, демократијата, владеењето на правото и справувањето со криминалот и корупцијата.

Во контекст на македонските аспирации за членство во Европската Унија, претседателот Пендаровски рече дека деблокадата на процесот и отворањето на пристапните преговори за членство со Северна Македонија позитивно ќе се влијае за стабилноста на регионот.

На средбата претседателот Пендаровски и специјалниот претставник Пич разменија мислења и информации во врска на руската инвазија врз Украина, како и делувањето на двете држави во рамки на НАТО Алијансата во однос на ова прашање.

Можете да прочитате

Вчера 585 прекршоци за брзо возење, 50 за црвено светло и 16 возила биле нерегистрирани

Kражба на електрична енергија од трафостаница за копање биткоини, штета од 16 милиони денари

МЕРМС: СДСМ грубо манипулира за да го сокрие фактот дека нивните долгови го кочат развојот – конечно воведуваме ред таму каде што владееше хаос