Утрински Весник
Македонија

Пронајдена е дрога кај седум лица во угостителски објекти во Скопје

Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје извршиле контроли во повеќе угостителски објекти и прегледи на повеќе лица.

Кај седум лица од Скопје, Косово и Норвешка биле пронајдени марихуана и бела прашкаста материја, и тие биле уапсени.

Кај А.Д.(23), А.Д.(31) и Т.И.(28) од Скопје, била пронајдена бела прашкаста материја, додека кај С.Ј.(20) од Скопје, В.З.(35) од Косово, Г.М.(37) од Скопје и А.К.К.(45) од Кралството Норвешка била пронајдена марихуана.

Лицата биле приведени и по целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Можете да прочитате

Ноќен земјотрес ја стресе Македонија

Почина пејачот Владо Јаневски – 24info.mk

До 18:00 часот регистрирани 12 пожари на отворено