Утрински Весник
Македонија

Пендаровски-Пахор: Формален старт за пристапни преговори со Северна Македонија мора да е императив за ЕУ

Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Претседателот Стево Пендаровски денеска во „Вила Билјана“ во Охрид, оствари средба со претседателот на Република Словенија, Борут Пахор, во рамки на Преспа форум за дијалог, кој од 16 до 18 јуни 2022 год. се одржува под покровителство на Претседателот на Република Северна Македонија.

На средбата беа реафирмирани одличните билатерални односи без отворени прашања, базирани на традиционално пријателство кое оваа година свечено беше одбележано по повод 30-годишнината од воспоставувањето на дипломатски односи меѓу Република Северна Македонија и Република Словенија.

Претседателот Пендаровски го поздрави формирањето на новата словенечка влада, истакнувајќи ја својата убеденост дека ќе продолжи силното стратешко сојузништво, партнерство и долгогодишната конструктивна соработка меѓу двете земји. Тој се заблагодари за конзистентната словенечка поддршка на билатерален, регионален и мултилатерален план, особено гласна за време на претседавањето на Словенија со Советот на ЕУ. Приоретизирањето на прашањето за европска интеграција на регионот е постојано високо на агендата на словенечката надворешно-политичка агенда, посочи претседателот Пендаровски.

Можете да прочитате

Тошковски: ,,Безбеден град” ќе има отстапки како кај полициските радари

Магла на повеќе патни правци

МВР со засилување – 120 млади полицајци започнуваат со работа во Скопје