Утрински Весник
Магазин

Бијонсе ги изненади фановите со најавата за нов албум

Бијонсе Ноулс-Картер ги изненади фановите во средата навечер со откривање на насловот и датумот на издавање на нејзиниот седми студиски албум.

Таа откри дека новиот албум „Ренесанса“ ќе излезе на 29 јули, а фановите здивеа.

Аренби дивата (40) – која може да се пофали со 348,5 милиони следачи на социјалните мрежи – ја смени биографијата на своите профили на Инстаграм и на Твитер, и сега таа гласи: Act i RENAISSANCE 7.29.

Претстојниот е прв албум откако таа го објави Lemonade во 2016 година, а минатата година дури и го навести името на новиот албум.

Во едно интервју за „Харпер’с базар“, Бијонсе рече дека нејзиниот нов албум ќе претставува ренесанса, откако светот помина многу време во самоизолација.

„Со целата изолација и неправда во изминатата година, мислам дека сите сме подготвени да избегаме, да патуваме, да сакаме и повторно да се смееме,“ рече таа.

Можете да прочитате

Македонците се послаби од европејците – во ЕУ 16,3% од луѓето се дебели, во Македонија 15,4 %

ГЛОБАЛЕН ИСЧЕКОР ЗА МАКЕДОНСКАТА МУЗИКА: Раперот Кацар со своја песна во финалната епизода од холивудската серија „M.I.A.“

Кинопремиери на српскиот документарец „Југото оди во Америка“