Утрински Весник
Магазин

Еве зошто не сум на Твитер: Зендаја негира дека е бремена

Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Зендаја демантира  дека е бремена.

Актерката од „Еуфорија“ (25) проговори откако шегата на „Тик-ток“ дека наводно, очекува дете, стана вирална во последниве неколку дена.

Таа возврати на шегата со тоа што сите што ја објавија ги означи како „предизвикувачи“ и откри дека секоја недела се соочува со лажни шпекулации за својот личен живот.

Актерката во средата сподели кусо видео на Инстаграм-стори: „Еве зошто останувам надвор од Твитер… само измислуваат работи без причина… еднаш неделно,“ вели таа.

„Во секој случај, назад на снимање. Предизвикувачи“.

Видео, кое се прошири на интернет неделава, содржи лажна слика од ехо, и со употреба на фотошоп изгледа како Зендаја да ја објавила на својот профил на социјалните мрежи.

Оригиналните Тикток-видеа беа дел од шегата Getting Krissed и се отвораа со слика на фетус заедно со фотографија од профилот на Зендаја за да изгледа како таа да ја објавила сликата.

Можете да прочитате

Витаминот Ц како можна заштита од штетните ПМ честички

Вечер на класична магија – Пијано концерт на Арда Мустафаоглу во „Џевахир мол”

Зимска магија, улична храна и врвна музика на WINTERFESTIVAL пред СЦ „Борис Трајковски“