Утрински Весник
Македонија

Маричиќ го пречека Шарл Мишел на охридскиот аеродром

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, го пречека претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, кој попладнево слета на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“.

Маричиќ му посака добредојде на Мишел и изрази големо задоволство од неговата посета, која е во исклучително важен момент за нашата земја и за целиот регион.

„Во пресрет на јунскиот Самит на француското претседателство оваа посета е одлична можност со г-динот Мишел да го повториме ставот за нашата стратешка определба и партнерство со ЕУ, но и да поразговараме за идните планови за натамошниот развој на Западен Балкан и ЕУ“, вели вицепремиерот.

Во рамки на посетата, претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, кој е во мини балканска турнеја, ќе биде гостин на вториот Преспа форум за дијалог, каде заедно со претседателот Стево Пендаровски, ќе го отворат со првата сесија, на која ќе говорат и претседателите на Слованија, Борут Пахор, на Хрватска, Зоран Милановиќ, на Косово, Вјоса Османи – Кадриу и претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ.

Можете да прочитате

СДСМ: Сите лаги на Мицкоски паднаа во вода- без разлика на предлозите за нова динамика, мора да се почитуваат европските правила

МСПДМ: Поради значајна реформа во системот на социјална заштита,  исплатата на правата ќе се реализира со неколкудневно задоцнување

Воведен AI ChatBot за поддршка при користење на електронскиот дневник