Утрински Весник
Магазин

Хју Џекмен позитивен на Ковид-19, се повлекува од настапите на Бродвеј

Актерот Хју Џекмен мораше да се откаже од бродвејскиот мјузикл The Music Man откако по вторпат e позитивен на Ковид-19.

Австралиската ѕвезда (53) објави видео порака на својата страница на Твитер во вторникот. Веста доaѓа два дена откако актерот од X-Men („Икс-мен“) и The Greatest Showman („Големиот шоумен“) се појави на доделувањето на театарските награди „Тони“.

„Сакав прво да слушнете од мене дека за жал утрово добив фрустрирачки позитивен тест на ковид“, рече Џекмен во видео-порака.

Тој го глуми измамникот Харолд Хил во бродвејската верзија на филмот.

„Мојот неверојатен стендбај Макс Клејтон ќе продолжи за мене. Макс и јас работиме заедно на оваа претстава повеќе од две години. Можам да ви кажам од тоа што сум во собата со него, а и од искуство, дека тој е апсолутно извонреден, па едноставно сум фрустриран што нема да можам да го видам и да го бодрам.“

Можете да прочитате

СЗО: Горештините го зголемуваат ризикот од предвремено породување

Дневен хороскоп за 25 октомври: Време за искрени разговори и мали промени

Бојана Нушкова позираше во погребен ковчег и со црна долна облека