Утрински Весник
Спорт

УЕФА ќе формира уште едно клупско натпреварување

УЕФА подготвува ново натпреварување кое би започнало пред Лигата на шампионите и би послужило како вовед во сезоната, открива „Марка“. Овој мини – куп треба да започне во 2024 година, како и новиот формат на Лигата на шампионите кој беше одобрен минатиот месец.

На турнирот треба да настапат четири клуба, меѓу кои и победникот во Лигата на шампионите, а би се одржувал во САД.

Суперкупот на Европа не би се укинал, туку треба да го играат победниците во Лига Европа и Конференциска лига. Досега во него играа победниците во Лигата на шампионите и во Лигата на Европа.

> УЕФА ќе формира уште едно клупско натпреварување <

Можете да прочитате

Стартува фудбалската Лига на шампиони, минута молк за жртвите во Непал

Инфантино повторно ќе се кандидира за претседател на ФИФА

Скопје и Башкими попладнево го играат единствениот натпревар