Утрински Весник
Свет

Премиерите на Албанија и Црна Гора се во посета на Украина

Премиерот на Албанија Еди Рама и премиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ, се во посета на Киев на покана на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„За Киев, по покана на претседателот Зеленски“, напиша Рама на својата Фејсбук страница пред летот со Абазовиќ.

Абазовиќ пред неколку дена ја прифати поканата на Зеленски и рече дека ќе се заложи за идејата за заедничка посета на Киев на премиерите од Западен Балкан.

Можете да прочитате

Американската компанија „Ковенант“ ќе произведува крстосувачки ракети „Антем“ во Германија

Нетанјаху: Иранскиот режим е на пат да се распадне

Иранската револуционерна гарда ги соопшти условите за завршување на војната со Вашингтон